SWF file not found. Please check the path.

Препорачуваме

  • Дали брзинец од 600цц е вистински избор за прв мотор? +

    Основно практично правило за почетнички мотор е: два или помалку цилиндри и Повеќе
  • Дали ќе се потите или ќе крварите? +

    Беше преку 35 степени надвор тој ден, па еден мој пријател одлучи Повеќе
  • 1

Активности

SWF file not found. Please check the path.

Хонда салон за мотори (Макпетрол) | Ул. Народен Фронт бр.23 спроти ТЦ. Беверли Хилс | Тел. 02/3296-106
  • Актуелно
  • MotoGP
  • WSBK
  • Домашни
  • Мотоспорт
  • Новости
  • Нормално
  • По наслов
  • Датум
вчитај повеќе /
kocka soveti

Корисни текстови

Содржини кои се задолжително четиво за секој моторџија

Прочитај повеќе
kocka-forum 01

Теми и мислења

Биди дел од он-лајн заедницата

Продолжи

pss-motori

kocka motoklubovi

Мото клубови

Повеќе..
kocka intervjua

Наши интервјуа

Повеќе..
kocka mk motosport

МК Мотоспорт

Повеќе..

Цени на мотори

Календар на настани

Мото огласи

Ducati 848 *** ITNO ***

ITNO se prodava Ducati 848, 2008 god. 12000 km. Motorot e...

Наш тест: Hamachi YS 250

Кога во нашата редакција дојде веста дека во салоните на Hamachi пристигнале новите модели бевме љубопитни да дознаеме што донеле овојпат, па побаравме и добивме на тест еден од новите модели.

На прв поглед веднаш препознавме нова верзија на популаното супермото од Qingqi кое се покажа како одличен избор на многумина пред се заради одличните возни карактеристики и издржливоста.

hamachi_xy_250_1.jpghamachi_xy_250_1.jpg

Овојпат се работи за модел произведен од Loncin, кои исто како и Qingqi го произведуваат моделот кој до сега можеше да се сретне на нашиот пазар. Во однос на "старата" верзија веднаш се забележливи разлики кои и тоа како ќе им се допаднат на возачите.

hamachi_xy_250_2.jpgВолуменот на агрегатот е зголемен од 200 на 230цц а со тоа и моќноста која сега изнесува 16кс. Максималната брзина е повторно иста (110км/ч) и покрај тоа што производителот има декларирано макс. брзина од 115 км/ч. Реално гледано се работи за податок кој воопшто не е важен бидејќи никој не го купува супермотото заради крајната брзина. Она што не импресионираше на тест возењето е моќта која ја има моторот на ниски вртежи и која е значително зголемена во однос на претходниот модел кој го тестиравме.

hamachi_xy_250_3.jpghamachi_xy_250_3.jpg

Одличен впечаток ни остави и суспензијата која позади сега носи монокрос пневматски амортизер, а на предницата се задржани одличните upside-down вилушки.  Кочниците (дискови напред и назад) повторно се на ниво на задачата потпомогнати од панцир цревата. За жал инструмент таблата е променета и повеќе не можете да уживате во мерачот на вртежи бидејќи го нема. Поставена е лцд табла на која јасно се чита брзината и податоците за изминатиот пат но повеќе уживавме во старата аналогна на која меѓу другото имаше и покажувач на брзините.

hamachi_xy_250_4.jpgЗадницата на моторот е разубавена и со новиот дизајн на стоп светлото кое е изработено во ЛЕД технологија и нуди одлична видливост, а новиот алуминиумски издув освен убавиот изглед нуди и по "мазен" звук.

Тркалата  се со истите димензии (17'', 110 напред / 130 одзади) како кај претходниот модел, а мала промена е направена во компонентата на самите гуми но недоволно за да ги препорачаме да ги задржите. За посериозно возење задолжително променете ги со соодветни (одличен избор се Continental ContiTwist SM).

hamachi_xy_250_5.jpghamachi_xy_250_5.jpg

Во однос на димезиите моторот е незначително променет во однос на претходниот модел кој доколку претходно сте го возеле нема да имате никаков проблем да се навикнете на новиот мотор.

Репортажата можете да ја најдете во најновиот број на "AutoFocus"  

За крај ќе додадеме дека одлично се забавуваме возејќи го новиот модел,  и наша препорака е да поминете во некој од салоните на Hamachi, да направите тест возење и самите да се уверите во можностите на новиот модел.

Моторот за тестирање беше позајмен од Хамачи Скопје (Тел.2044-303) 

Вашето мислење ни значи, оставете коментар на содржината

0

Членови кои коментирале

Вчитај претходни коментари

SWF file not found. Please check the path.

Калкулатор за бензин

1.

Каков бензин користиш?
95     98 (100)

2.

Ставаш бензин за ден.

3.

Со нив поминуваш км.


Твојот мотор троши л/100км.