![]()
Разгледувајќи ја новата колекција Scorpion 2011 еден модел го привлече нашето внимание, се работи за новата кацига Scorpion Exo-1000 Air.
Новата фул фејс кацига е направена со цел да биде лесна, но истовремено издржлива и практична, а технологијата која е вградена е импресивна. Внатрешноста е удобна благодарение на новиот модел Kwikwick2 како и системот за вентилација наречен Airfit Concept.
Во однос на претходните Scorpion модели новост е визирот кој сега е наречен Pinlock Max Vision, освен надворешниот визир кацигата содржи и мал визир кој се спушта од горниот дел со цел да го попречи сонцето доколку возите со безбоен визир. Она што е интересно е дека малиот визир може веднаш да се врати на своето место благодарение на SpeedView копчето.
Кацигата е достапна во неколку бои, а во Италија веќе се продава по цена од 340€.













