
За разлика од предходниот наслов, главниот адут на новиот продолжеток, според најавите е неговата поголема игривост, што не беше случај со MotoGP 9/10. Развојниот тим Monumental и издавачот Capcom со ова се надеваат дека ќе ги прилечат поголем број на играчи. Во новиот дел не очекува уште подoбра физика, но и голем број на новитети кои возењето на бесните мотори ќе го направи поедноставно.
Ќе може да се активира механизам против пролизгување, автоматско кочење, автоматско подместување на телото на возачот, помош при шалтање брзини. Голема новост не очекува и со кариерата на возачите, односно воведувањето на кооперативност. Постои можност за приклучување на втор играч, со што екранот автоматски ќе се подели на два дела. Играте од еден тим, со главна задача да ви помогне да освоите повеќе бодови.
MotoGP 10/11 ќе содржи тимови, возачи и стази од минатата година на најпознатото светско мото натреварување. Вистинско уживање за мото фанатиците, кои виртуелно ќе ја тестираат максималната бризина на своите машини.
Извор: Upload.mk














