Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Задолжително Сваштарник Моторџиски погреб

Моторџиски погреб

  • PDF

pogreb-so-motorПогреб со моторПогребот на еден страстен моторџија бил одлично осмислен од неговиот син кој се потруди патот до вечното почивалиште на неговиот татко да го помине на мотор и е сигурен дека тој уживал. Се работи за идеја која ја добил при посетата на директорот на локланите гробишта во Аретон. Имено на еден од ѕидовите во канцеларијата на директорот Хамилтон била закачена една слика каде еднен нивен пријател, наместо со погребна кола, бил пренесуван со моторцикл.

Неговиот син Метју одкако ја видел сликата разговарал со неговата мајка односно сопруга на починатиот Брајан и решиле дека тоа е одлична идеја и сигурни се дека ќе остават насмевка на неговото лице засекогаш со овој потег. Така и направиле ангажирале специјален моторцикл Харли Дејвидсон со посебна кабина во која може да се смести еден ковчег. Ова последно возење на починатиот 75 годишен моторџија Брајан Тичер било зачувано како тајна од останатите.

Кога дошол денот на погребот сите се изненадиле за ова последно возење и испраќање во вечниот дом со она што Брајан највеќе го сакал и уживал во него, моторите. Како што беше замислено без никаква одстапка неговиот син беше и реализирано.

За ова значајно последно возење со неговиот татко тој изјави : -"Татко ми беше голем човек, но пред се секогаш се шалеше со неговите финти и вицови и навистина беше една голема позитивна личност. Токму поради него решив да го направам овој потег и на овој доста тажен ден за сите нас, се потрудив да ставам барем малце насмевка на лицето на сите останати, а верувам и на мојот татко. По завршувањето на погребот сите дојдоа и ме пофалија за одличната идеја. Дефинитивно возењето од нивниот дом до гробиштата ќе биде едно од возењата со татко ми кои никогаш нема да ги заборавам, чест ми е што јас бев тој што последен на мотор го однесе до гробиштата, сигурен сум дека уживаше татко ми. А за љубовта на татко ми према моторите не треба да се говори едноставно беше огромна. Уште на мала возраст уживал во нив, подоцна купил редок модел на Харли Дејвидсон и уште многу други. Но за жал уште пред 5 години мораше да се откаже од возењето мотор поради болеста која го совлада. Чуството додека го возев и емоциите беа едноставно  неописливи и измешани", заврши неговиот син Метју и главен иницијатор на оваа идеја.

This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06