Среден прст за казна
Еден пред се вулгарен, но и самоуверен возач го покажа својот среден прст на една од безбедносните камери која истовремено ја мерат моменталната брзина на возилото кое доаѓа. Овој возач на моторциклот поминал со бризна од 78 км/ч на место каде што ограничувањето на брзината е 50км/ч. Самоуверениот возач се надевал дека надлежните не може никако да го фатат и пронајдат, бидејќи камерите го снимаат предниот дел од возилата кои доаѓаат,односно предната таблица, а моторциклите ја немаат и со тоа немаат информации каде да го испратат казнениот билет.
Но не било така сликата била доволно јасна и чиста и патролата која се наоѓала во таа близина успеала да го пронајде и само да ја запише неговата регистарска табличка. По неколку месеци полицијата се упатила кон неговиот дом го извлекла 26 годишниот Пол Колинс и го евидентирала со сликата, дефинитивно бил тој без никакво сомневање. Подоцна Пол ја признал својата вулгарна постапка изјавувајќи дека мислел не постојат шанси да го пронајдат кој е, но очигледно не било така.
На Пол му беше напишана казна од 180 фунти и дури 5 казнени поени во возачката дозвола, сепак треба да е среќен поради тоа што не му беше одземена возачката и помина само со казнени поени и парична казна. Офицерот Мик Геар од полициската станица во Хамшир вели дека се надева ова е голема лекција и потсетување до сите несериозни возачи дека доколку се сака може многу лесно да бидат најдени оние учесници кои прават некаков прекршок во сообраќајот, без разлика на тоа што тие мислат дека неможат да бидат пронајдени, еве имаме чист пример за тоа како лесно беше пронајден и казнет Пол.













