PS-Pod
Благодарение на Chopper City USA, чудото кое Бетмен го вози во филмот "The Dark Knight", а се нарекува Batpod, може да се види по улиците во САД.
Откако извесен Pankaj Shah го гледал филмот, се јавил кај гуруата за кастм мотори "Chopper City USA" и побарал од нив да му изработат таков моторцикл. Така се роди PS-Pod, улична верзија на моторот кој го вози Бетмен. Се работи за модификувана верзија на Aprilia Mana 850, а масивните трката со димензии 18"x13" се специјално изработени за овој мотор.
За да направат верзија која ќе биде легална за возење по улица, дизајнерите мораа да направат и одредени измени во однос на оригиналот но сепак целината на дизајнот е задржана, рамот е изработен од железо, а деталите ги вклучуваат и логото на Бетмен на тркалата како и оружјата кои се присутни, но не се функционални.













Коментари
Fun games