Луди дизајни на мото кациги од Казахстан
Казахстан освен по Борат, веројатно ќе стане познат и по најневеројатните моторџиски кациги. Маркетинг агенцијата Good! ги подготви овие неверојатни кациги кои ќе се појават во продавниците на почетокот од 2011.
Според извори од агенцијата, се започнало како шега, но по одличниот фидбек од моторџиите, агенцијата ќе ги пушти во продажба кацигите со изглед на тениско топче, мозок, женска фризура, лубеница....
Rimma Fhevtfova од агенцијата Good! ни изјави: "Мото сцената кај нас е во пораст, за разлика од пред две години работите се отидени многу понапред па сакавме да се надоврземе на тој развој. Кацигите ќе бидат пуштени во продажба на нашиот пазар до крајот на годината, а низ останатите Европски земји и Америка од почетокот на следната."
Сеуште не е позната цената на кацигите, но дефинитивно е кул да се грабне вакво нешто, па доколку патувате накај Казахстан, пратете ни порака.











