Производителот и спонзор на Валентино Роси, AGV, направи вистински бум со кацигата која ја направи за трката во Мугело во 2008, на која беше исртано лицето на Докторот.
Бидејќи кацигата привлече огромно внимание, AGV во 2009 се реши да пушти во продажба лимитирана серија за сите заинтересирани.
Бидејќи побарувачката беше огромна, а серијата лимитирана, AGV се одлучи во 2010 да додаде личен детал на кацигата, па така сега едноставно ќе можете да добиете "врескачка" кацига со вашиот лик, испорачана директно на вашата врата!
Се што треба да направите е да го посетите веб сајтот valentinosface.com и да ги следите инструкциите :)













Коментари