Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Задолжително Корисни текстови Совети за возење мотор во зима

Совети за возење мотор во зима

  • PDF

motor-vo-zima-1Совети за возење на мотор во зима

За некои возачи зимата дојде, иако овие последни возења со моторите низ златните пејсажи се неописливи. За тие што веќе зимата стигнала знаеме дека моторот е паркиран во некој ќош во гаражата, акумулаторот е изваден и секако се надеваат што побрзо да дојде пролетта. Додека за оние другите што не постои крај на сезоната за мотор, постои само промена во мото опремата.

Не говориме за оние места низ светот каде поголемиот дел од годината е сончев, туку за оние кои навистина уживаат да се возат во било кој период во годината (зимата). Со неколку интересни зимски трикови и мало знаење, верувајте сезоната ќе ви се продолжи доволно за да ја оправдате регистрацијата на моторот за цела година. Следуваат неколку совети:

Мраз
Црниот мраз или голомразица е оној мраз кој е тешко препознатлив, а се создава кога температурата е блиску до нулата. Некои од новите модели на мотори имаат и вграден мерач на надворешната температура, ефтин е, а и во зимата е неопходен. Мора да внимавате на мостовите, бидејќи постојано ги дува ветер и многу лесно замрзнуваат, потоа места кои поголем дел од денот се во сенка. Наш совет е да гледате што повеќе да ги користите улиците, патиштата каде има поголем проток на сообраќај, постојаниот сообраќај го топи мразот и намалува влагата по улиците.

Доколку се најдете во ситуација да бидете над мраз, не правете нагли движења, притискање на кочниците никако, се што треба да направите е да го притиснете кумплугот, и самиот моторот смирено да помине на мразот.

motor-vo-zima-2Хипотермија
Ладните трески низ рбетот не се баш пријатни и може да бидат предупредувачки. Хипотермијата се случува кога нормалната температура на телото значајно опаѓа и може да делува смртоносно. Не мора да значи дека надворешните температури мора да бидат под нулата за да се предизвика хипотермија. Настинката станува се полоша и полоша како се зголемува брзината на ветерот, и што повеќе си надвор толку полоша станува ситуацијата. Познатлив знак на рана хипотермија е кога почнувате да се осеќате ладно  и кога не можете да одлучите дали да застанете или не. Одговорот секогаш треба да ви биде ДА, ЗАСТАНЕТЕ.

Совет од нас е ако почнете да се осеќате како во горенаведените примери побарајте во најблиска околина некое ресторанче, бензиска, мотел итн. и напијте се топло чоколадо , чај или една топла супа, верувајте ќе ви помогнат. Но доколку се најдете во ситуација каде почнувате неконтролирано да се тресе цело тело дури и вилицата тоа се знаци на предупредување за опаснот. Ќе имате голема главоболка дури ќе се осеќате и пијано се додека вашите мускули не се вкочанат, но со понатамошното изложување на студ треската ќе се намали дури постојат шанси и да исчезне, верувајте тогаш сте во навистина сериозна опасност.

motor-vo-zima-3Ракавици или рачки кои се загреваат Добро облечен возач
Како да се заштитиме од ладното време ? Се разбира убаво ќе се облечеме. Во вакви случаи синтетичките јакни се поефикасни за разлика од памучните слоеви кај останатите јакни, тиеј ја задржуваат влагата и не дозволуваат да
има никаков контакт со кожата. Под синтетичката јакна би било убаво да носите волнена облека, целосната причина е да се облечете убаво и заедно со напоменатата јакна би биле одлично опремени, со тоа би се создал еден вид на
воздушен џеб кој би ве заштитувал од надворешниот ладен и влажен воздух. На крај се би ни било бескорисно доколку не посветиме внимание на тоа да не го загубиме топлиот воздух, па така за разлика од  обичните фамерките, кожната облека е одлична.

Дополнително би ви препорачале да ги облечете шушкавите одела за дожд кои се целосни и ниеден дел од вашето тело не би бил изложено на ладен воздух,влага итн. Но, не заборавајте без разлика на тоа каков вид на опрема сте одбрале мора да има протектори, купувајте опрема што е наменета за мотори, не за некакво си модно шоу. Рацете се многу осетливи на ниски температури, што значи во делот за зимска опрема мора да имаме убави, квалитетни, кожни ракавици кои не пропуштаат вода.

Фактот дека изборот на full face кацига за во зимата е многу очигледен за разлика од другите видови на кациги, препорачуваме на главата да имате подкапа за да го покриете вратот.

Додатна опремата на моторот
Без разлика на тоа како и колку сте облечени, ладниот воздух постепено ја намалува температурата на телото. Колку подолго сте на мотор, толку полошо станува. Сите знаеме дека предниот дел на телото почнувајќи од градите па нагоре дека се највеќе изложени на ладниот ветер. За да се заштитиме препорачуваме визир на предната маска на моторот кој во најмала рака ќе го намали студениот ветер, со што горните делови од телото ќе останат потопли.

Опрема која се поврзува со струјата од моторот
Веќе на подолги релации, каде сме изложени на студ и ветер, телото губи повеќе топлина одколку што може да си создаде. Искусните возачи на подолги релации ја користат електриката од моторот како извор на струја. Постојат неколку дела од опремата кој имаат приклучоци за електична енергија.Такви ракавици чинат околу 4000 денари, рачките за мотор се околу 3000 денари, елеците негде од 4000 па до 12000 се зависи од стилот на елек, но постојат специјални навлаки кој може да се прикачат на било кој останат дел од опремата кој чинат од 1000 па се до 6000 денари. Ваквата опрема кај нас може да се најде во Максима, Мото Маркет и Мото партс. На овој начин телото би било постојано со извор на топлина и подолгата релација не би претставувала никаков проблем. Доколку набавите ваква опрема прво би препорачуваме убаво да го проверите изворот на електрична струја, неговата максимална моќ, дали таа моќ е при константни вртежи на моторот, па потоа да ја приклучите опремата бидејќи доколку се испразни акомулаторот во сред зима е тогаш сте во голем проблем.

Многу возачи мислат дека еден обичен кожен елек е доволен, бидејќи елекот го држи горниот дел од телото топол. Така нашето тело се фокусира да пумпа доволно крв за да ги држи топли виталните органи, но другите делови од телото ги запоставува и тука доаѓа до сериозни последици како што се вкочанети раце, премрзнати прсти на нозете и др.

motor-vo-zima-4Опрема која се поврзува со струјата од моторот
Хемиски помагала
Замислете убав сончев зимски ден како возите подалку од својот дом, заборавате дека многу брзо се стемнува и тоа и се случува. Со заоѓањето на сонцето автоматски заладува нагло, а вие сте далеку од дома. Еве еден навистина интересен трик. Се работи за средство кое може да се најде во аптеките и предизвикува голема топлина на вашето тело, обично го користат ловџиите во зима, навистина ќе ви помогне и ќе го загрее вашето тело. Но внимавајте постојат такви средства кој достигнуваат топлина и до 150 степени, избегнувајте средства со толку големи топлини и нека не биде во директен контакт со кожата.

Пијте течности
И за крај последно нешто на кое не треба да заборавите (а често се заборава) е да се пие што повеќе течности. Обично сите внимаваме на дехидрацијата во топлите месеци, не заборавајте на тоа и во зима бидејќи постојат шанси телото во зима да изгуби повеќе течности одколку во еден летен ден. При возење на еден сув и ладен ден во зима, ладниот воздух може да не залаже и да не приметиме дека сме се испотиле односно дехидрирале.

За крај, не заборавајте да го проверите и самиот мотор пред почетокот на зимската сезона  (гумите, течности, механички дефекти..), а доколку сепак одлучите да не го возите вашиот миленик до доаѓањето на пролетта, прочитајте ги советите за чување на моторот во зима.

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06