| Индекс на артикл |
|---|
| Репортажа: Полициско Одделение за сообраќајно и ескортно обезбедување |
| Страна 2 |
| Сите страници |
Одделението е формирано во
1993 година, по осамостојува-
њето на Македонија, кога се јавила потреба од единица која ќе ги
придружува странските делегации.
Ги гледаме постојано низ улиците но малку знаеме за нив, луѓето ги доживуваат како полицајци кои се тука за да им пишуваат казни на моторџиите, а всушност тоа не е нивна примарна работа. Главна работа на одделението е обезбедување на домашни и странски делегации, а во летниот период припадниците на СЕО им излегуваат во пресрет на колегите од сообраќајната полиција и вршат контроли на мотоциклите. Со цел да ги доближиме полицајците на мотори до јавноста, направивме репортажа за нивното одделение.
Сите типови на мотори со кои располага Полициското Одделение за сообраќајно и ескортно обезбедување
Имавме чест да бидеме гости на Полициското одделение за сообраќајно и ескортно обезбедување каде разговаравме со раководителот на одделението и со неколку нивни припадници.
Александра Папоњак е командир на одделението во последниве шест месеци, но е член на истото веќе 10 години. Таа е единствената жена во единицата, но вели дека тоа воопшто не претставува проблем. "Соработката е беспрекорна, тие си ја извршуваат својата работа како што треба, професионални се, ме имаат прифатено без никаков проблем, исто и јас нив па затоа имаме одлична соработка." Во продолжение следува интервјуто:
Мотоциклистите ги извршуваат своите должности во текот на целата година, во периодот кога температурата се спушта под нулата, тие добиваат заменски возила, крајслери. Немаат календарски определен период за работа, колку долго ќе бидат активни во годината зависи само од временските услови.
Новите припадници во одделението се обучуваат на двете веспи со кои располагаат, а потоа добиваат еден од моторите од нивниот возен парк. За еден полицаец да стане дел од ова одделение потребно е да има работен стаж од најмалку три години, да поседува возачка дозвола од А категорија и секако да сака да вози мотор.
Фото: Архива на ВестТренинзите за жал се ретки, ограничени се на слободното време кое го имаат, а тоа секако дека не е доволно. Сепак како што истакнуваат самите, сите нивни членови се моторџии и во приватниот живот па не им недостасува искуство.













