На Новогодишната ноќ, во живо од Сан Диего, Robbie Maddison се враќа после две години, за да го превземе рекордот во скок од далечина со мотоцикл.
Санта Моника, Калифорнија- Мотоцикл и моторна санка влегуваат во бар... Не одеше баш така но, нешто слично. Мотоцикл и моторна санка паралелно ќе летаат преку вода, во најновото продолжение на Red Bull: Нова Година. Без Граници. Оваа година се поврзуваат двајца неверојатни спортисти чии различни патишта се соединуваат на новогодишната ноќ. Настанот ќе се емитува во живо во сабота, 31 Декември од Сан Диего, Калифорнија, во 11 часот попладне на ESPN, ESPNHD и ESPN3, веднаш по натпреварот Chick-Fil-A Bowl.
Levi LaVallee целосно закрепна по повредата која ја доби додека тренираше за истиот настан минатата година, неколку часа откако го собори светскиот рекорд со скок од 110 метри со моторна санка. Robbie Maddison ја започна серијата во 2007 година, скокајќи со својот мотоцикл 98 метри преку фудбалско игралиште во Лас Вегас, проследено со скокот во 2008 година од 29 метри високата Arc De Triomphe во Париз, Лас Вегас.
Оваа година 28 годишниот LaVallee од Лонгвил, Минесота, ќе скока со моторна санка заедно со 30 годишниот Австралијанец Maddison, кој живее во Темекула, Калифорнија, кој ќе управува со својот мотоцикл додека двајцата спортисти истовремено ќе скокаат преку 91 метро вода од Северниот парк до Јужниот парк во Embarcadero Marina во близина на заливот во Сан Диего. LaVallee ќе се обиде да го собори сопствениот рекорд од 110 метри, додека Maddison ќе цели да скокне повеќе од 122 метри за да го надмине моменталниот рекорд од 119 метри.
За гледачите на овој на настан влезот ќе биде слободен во двата парка. Портите се отвораат во 6 часот попладне.
“Многу сум возбуден што имам можност да се вратам во Red Bull: Нова Година. Без Граници,” вели LaVallee. “Минатата година не поминав како што очекував, се радувам што добив уште една шанса на овој неверојатен настан.”
“Скоковите во даличина ми се пасија, возбуден сум што се враќам за Нова Година, прелетувајќи го пристаништето во Сан Диего,” вели Maddison. “Моја цел се 122 метри. Не се работи само за соборување на светскиот рекорд, за мене најважно е согласувањето при оваа далечина и посветеноста во достигнувањето на овој неверојатен скок за кој многумина мислат дека е невозможен.”
LaVallee е седумкратен победник на зимските X Games и шампион во трките во моторна санка. Тој стана светски познат како првата личност која направи двојно салто наназад со својата моторна санка во 2009 година на зимските X Games. Сан Диего можеби не е првото место на кое ќе помислите кога се зборува за моторни санки но недостатокот на снег нема да го спречи LaVallee, кој ќе вози на вештачки терен, што ќе ја овозможи потребната контрола за неговата моторна санка да ја достигне максималната брзина пред да отскокне од рампата.
Maddison има завидна мотокрос кариера, освојувајќи го сребрениот медал во 2010 на X Games во категоријата најдобар трик на Мото Х и две победи на Светската турнеја на Red Bull X-Fighters (Калгари 2009 и Мадрид 2010). Тој исто така има успешна историја во соборување на рекорди и глобално познати подвизи. Меѓу нив спаѓаат салтото наназад преку лондонскиот Tower Bridge и прелетувањето преку коринтскиот канал во Грција, кои одат рака под рака со неговите минатогодишни успеси во Новогодишната ноќ.
Новогодишната ноќ на Red Bull претставува извонредните спортисти кои ги буткаат своите физички, ментални и технички способности за да ги пробијат границите и рекордите. Во исчекување на големата ноќ, LaVallee и Maddison ќе работат со спортисти, експерти од Red Bull, физичари и инженери, како и со својот личен тим, со цел да го извлечат максимумот од своите тела и машини. На овој начин ќе се дојде и до значајни информации кои понатаму ќе се употребат во технолошкиот развој.
Robbie Maddison се подготвува за Red Bull: New Year. No Limits / Фотографија: (c) Chris Tedesco
По минатогодишното несреќно откажување, ова ќе биде четвртиот настан на Red Bull: Нова Година. Без Граници, од вкупно 5 години. 2008 беше година кога Maddison се искачи и скокна од Arc de Triomphe, Rhys Millen направи салто наназад преку теренски камион и за малку го пропушти слетувањето. Во 2009 година, Travis Pastrana скокна од своето рели возило 82 метри преку вода, слетувајќи на баржа на пристаништето во Лонг Бич.













