Политичарите во Хондурас го изгласаа законот со кој се забранува возење на сопатник на мотор. Драстичната мерка доаѓа како резултат на неколкуте убиства извршени со помош на мотоцикли, на луѓе кои биле на високи позиции во земјата. Чашата ја прелило убиството на Алфредо Ландаверде, поранешен министер за внатрешни работи, па пратениците се одлучиле за закон со кој во следните шест месеци моторџиите не смеат да возат сопатник.
"Со оглед на ситуацијата, сметаме дека само еден патник на мотор ќе придонесе да се намали бројот на убиствата" - изјавил за медиумите актуелниот министер за внатрешни работи на Хондурас, Помпејо Бонила.
Хондурас е земја со највисока стапка на убиства во светот, 82 на 100.000 луѓе/годишно.














