
Утре во Милано започнува 69. меѓународен саем за моторцикли "EICMA"! Нашата екипа веќе е на пат кон Италија, очекувајте ексклузивни фотографии од сите новитети во текот на следните пет денови колку што трае саемот.
EICMA (Esposizione Internazionale Ciclo e Motociclo e Accessori) или на македонски "Меѓународен саем за велосипеди, моторцикли и опрема" се одржува секоја година на огромна површина во близината на Милано. Се работи за најголемиот светски саем за моторцикли на кој своето присуство го најавија сите големи производители на мотори.
Саемот се простира на површина од 135.000 квадратни метри во 7 згради во кои ќе бидат изложени сите производи од 610 брендови. Организаторите очекуваат повеќе од 500.000 посетители од сите Европски земји меѓу кои сигурно ќе има и посетители од Македонија.
Секојдневно ќе објавуваме ексклузивни фотографии од сите новитети, а она што се очекува е новиот Triumph Tiger Explorer, Ducati 1199 Panigale, Ducati Streetfighter 848, Honda Integra и многу други нови модели за 2012. Доколку имате посебно барање за фотографија од одреден модел пишете ни на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , а ние ќе се обидеме да ви излеземе во пресрет.













