
Шампионот во Формула1, Себастијан Фетел, одвои 68.000€ од својот буџет за купување на рачно изработен чопер како дел од прославата на титулата во 2010. Чоперот за кој се одлучи Фетел е преработка на познатиот Avalanch, а мајсторот кој се потпиша на ремек делото е неговиот сонародник Marcus Walz.Се работи за чопер кој оригинално доаѓа со мотор кој развива 120кс, и има должина од 1780мм.
Walz има искуство со изработката на мотори за Формула1 возачите, пред неколку години тој го направи чоперот испириран од Ферари за Кими Раиконен. Новиот мотор на Фетел ќе биде официјално презентиран на Red Bull Racing настанот за време на Италијанското Гран При.
Моторот кој Walz го изработи за Кими Раиконен













