
Според извори од Shift Racing, компанијата ќе го прекине производството на опрема за урбано возење и во иднина целосно ќе се посвети на опрема за оф-роуд. Компанијата е основана во 1997 но со производтво на спортска опрема започна пред само пет години, а стана препознатлива во светот како дел од брендот "Fox".
Според информациите, во Fox одлучиле целосно да се фокусираат на производството на облека и заштитна опрема за мотокрос. Додека да пристигне официјалното и поопширно известување можеме само да заклучиме дека ослабениот мото пазар на светско ниво зема уште една жртва.













