Како што веќе известивме, сите јапонски производители на мотори го запреа производството веднаш по големиот земјотрес кој ја погоди Јапонија. И покрај најавите за рестартирање на погоните во фабриките по само неколку дена, Хонда е прва од големата јапонска четворка која дури денеска го продолжува производството на моторцикли.
Првата фабрика на Хонда која ќе продолжи со производство е онаа во градот Кумамото, додека останатите три се очекува да продолжат со работа на 3-ти април. Фабриката во Кумамото ги произведува моделите VFR1200F, CBR600RR и DN-01, како и некои агрегати за напојување. Најтешко оштетена фабрика на Хонда е онаа во градот Точиги, но испекциите од фабриката веќе ги направиле сите потребни подготовки за продолжување на работата.
Сеуште нема известување дали Јапонскиот земјотрес односно прекинот во производството ќе влијае на зголемување на цените на јапонските моторцикли кои и онака се високи.














