Дали не очекува ново поскапување на јапонските моторцикли?
Јапонските производители на мотори го запреа производството. По сите природни катастрофи кои и се случија на Јапонија беше неминовно да се случи ова, но она што импресионира е подготвеноста да продолжат со работа по само неколку дена.
По катстрофалниот земјотрес и цунами кои ја зафатија Јапонија, се појавија и проблемите со нукеарните реактори кои од ден на ден пробуваат да се заштитат и оладат. Штетите кои се предизвикани иако сеуште не се проценети јасно е дека се работи за преголема катастрофа, целиот остров е разорен и уништен, а она што е најтешко е фактот дека на Јапонија ќе и треба многу години за да се опорави и да излезе од кризата која ја очекува. Додека многу држави во светот нудат помош од секаков вид кон Јапонија, организираат хуманитарни акции... многу Јапонски граѓани го споредуваат овој настан со Втората Светска војна.
Како многу други производители на се и сешто на кои им се зафатени и уништени нивните мали,средни и големи фабрики од оваа природна катастрофа. Истото се случува и со Јапонската мото индустрија, односно гигантските производители на моторцикли Хонда,Јамаха,Сузуки и Кавасаки. Во текот на вчерашниот ден на прес конференции излегоа преставниците на некои од овие производители и во кратки црти објавија за штетите кои им се нанесени.
По се изгледа Хонда има претрпено најголеми штети, па дури и еден загинат работник и 30 други потешко повредени. Во продолжение фабриките за производство на автомобили во Саитама, Точиги, Сузука, Хамаматсу официјално беа затворни вчера, со надеж дека ќе се отворат и почнат со работа после 20 ти Март.
Хонда донираше на својата држава 300 милиони Јени, од прилика околу 3,7 милиони американски долари со цел да се помогне и купи нешто со тие пари за граѓаните кои се оставени на улица. Покрај финансиската помош Хонда донираше и 10 000 агрегати за производство на електрична енергија и исто толку туби со гориво за да можат да работат агрегатите. Хонда Рејсинг (HRC) кои имаа посебна кратка конференција објавија дека немаат претрпено некоја огромна штета од земјотресот и цунамито. Но патеката Мотеги која е во нивна сопственост има оштетувања. Токму поради тоа е и одложен МотоГП викендот за во Октомври, а требаше да се оджи сега во Април. Да се надеваме дека до Октомври ќе ја репарираат патеката и оштетувањата на трибините.
Надлежните од Сузуки изјавија дека и тие ги затвораат сите можни фабрики , а за штетата сеуште не се знае сеуште ја проценуваат. Се надеваат дека фабриките ќе се отворат до крајот на оваа недела или пак од понеделник. И во меѓувреме Сузуки ги повлекува и засолнува сите моторцикли произведени на ризичните места, како што е фабриката во Такатсука. Истото важи и за автомобилската индустрија.
Од Јамаха потврдија затворање на фабриките но се претпоставува дека од понеделник ќе се почне со работа, но сеуште не се знае. Со овој потег Јамаха ги затвори сите пет фабрики кои произведуваат моторцикли низ Јапонија. Додека за останатите фабрики кои произведуваат АТВ и скутери и агрегати за вода сеуште не се знае дали ќе бидат затворени и кога. Она што е навистина добро е не престанувањето со производство на генератори за струја кои работат на нафта, тоа го прави Јамаха со цел да им излезе во пресрет на своите граѓани кои навистина им е потребно тоа. Кога сме кај донирањата и Јамаха по примерот на Хонда донираше 5000 агрегати, голем број шишиња со вода за пиење и медицински заштитни маски.
Кавасаки сеуште немаат излезено на прес конференција за да дадат извештај околу штетите предизвикани од природната катастрофа. Но одприлика штетите
би требало да се на слично ниво како и кај останатите Јапонски производители на моторцикли.
Цените на јапонските моторцикли годинава се искачија на рекордно ниво, во ценовникот кој го подготвуваме можат да се сретнат цени повисоки од 12.000 за брзински моторцикл со зафатнина од 600цц, а по природната катастрофа се очекува овие цена да се покачат.














