Електрични скутери за шпанските поштари
Шпанската пошта Correos станува "зелена". Поштарите ќе ги разнесуваат пратките со електричните скутери "ScooterCargo ITR 120". Се работи за скутери кои со едно полнење на батериите можат да поминат 80 до 90км, притоа развиваат брзина до 80км/ч, а носивоста на товарот им е 100кг.
Шпанската пошта купи 100 електрични скутери, а доколку има потреба, електричната флота во иднина ќе се зголеми.
Шпанската пошта стана "зелена"












