Од 1-ви до 4-ти Јули во Португалија беа одбележани светските денови на Веспа, настан на кој присуствуваа повеќе од 6.000 учесници од 183 клубови од 14 земји.
Светските денови на Веспа е најмасовниот светски настан посветен на легендарната Веспа, а годинава честа да го одбележи настанот и беше доделен на Португалија кој четири денови беше домаќин на илјадниците фанови на најпознатиот скутер во светот.
Vespa World Days 2010
По San Marino во 2007, Cefalu во Сицилија во 2008 и Zell Am See во Австрија минатата година, Fatima беше домаќин на годинешниот настан.
На Vespa World Days 2010 присуствуваа 183 веспа клубови од 14 земји: од Шпанија, Македонија, Грција, Хрватска, Норвешка, Австрија, Германија и многу повеќе. На настанот присуствуваа и многу независни фанови со што бројката на присутни се искачи над 6.000
Во Шпанија можеше да се видат од најмлади до најстари љубители на Веспа . Најмладиот присутен имаше само 6 години, а најстариот 78.
Четири денови Веспаџиите ги славеа вредностите на пријателството, авантурата и страста, вредности кои го придржуваат скутерот, симболот за она што значи “made in Italy” веќе 64 години.
Како и на секој собир главно одбележување е Веспа парадата која се одржува во недела. Неколку стотици веспи патуваа повеќе од 100км, од Fatima до Bathala, Nazaré за да пристигнат во Alcobaça. Тоа беше невообичаена гледка за жителите на овие градчиња кои имаа можност да ја видат масивната повеќебојна "змија" низ улиците.
Оваа година за прв пат беше организиран и Vespa Trophy, настан кој вклучуваше 1027 дилери на Веспа кои служеа како чек поинти. Оној кој ќе донесе печати од најмногу дилери е освојувач на трофејот. Годинава победници беа тројца дечки од клубот “Vespan and Salam" кои поминаа повеќе од 2000км низ четири земји.
На крај учесниците се поздравија со фразата "Се гледаме во Осло", мислејќи на следниот настан кој во 2011 ќе се одржи во Осло, Норвешка.













