Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Новости Моторцикли Дукати го претстави новиот 1199 Panigale на EICMA

Дукати го претстави новиот 1199 Panigale на EICMA

  • PDF

1199-Panigale-1

Главниот адут на Дукати за следната година е наречен Panigale, модел кој од самиот старт и вели шах-мат на конкуренцијата. 1199 Panigale е наследник на популарниот 1198, а како што е логично, во многу работи го надминува својот претходник.

Новиот супербајк од Дукати има намалена тежина за 10кг, притоа доаѓајќи до неверојатната бројка од 164кг за мотор со зафатнина од 1199 цц. Силата која ја развива новиот ѕвер се 195кс, а за да не останат импресиите само на агрегатот, тука се "ситниците" кои и тоа како ќе ви ја остават устата отворена. 1199 Panigale е првиот спортски мотор кој доаѓа со целосно ЛЕД светло, има нова шасија, амортизација која се сетира електронски како и контрола на моторното кочење.

Во стандардниот пакет следува и "traction control", а во додатниот пакет можете да добиете ABS кочници и GPS систем кој ќе ви помогне во мерењето на времето поминато на патека. И да не должиме повеќе, ги погледнавте сликите од промоцијата на EICMA, а во продолжение и видео од новото "чудо" од Дукати.


Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06