Хонда ги објави новите Crosstourer, Integra и две нови машини NC700X и NC700S со средна големина на саемот во Милано, EICMA 2011. Сеопфатната линија за 2012 започнува од 50cc па се до луксузни туринг мотори со зафатнина од 1800cc.
Новите модели кои ги најави Хонда за следната година се:
Crossturer
Новиот спорт туринг мотор од Хонда беше најавен како концепт во 2010 година, а јапонската фабрика се одлучи од следната година да го пушти во сериско производство. Моторот има зафатнина од 1200цц, нов стајлинг, Traction Control систем, C-ABS кочници, a опционално може да се добие и фамозниот Dual Clutch пренос.

Integra
Нова машина која нуди стабилност и динамичко возење на мотор спакувано во изглед на скутер. Моторот има зафатнина од 670цц, а доаѓа со подобрено вбризгување на бензинот што овозможува неверојатно ниска потрошувачка. Dual Clutch пакетот е стандарден дел од новата Integra.

NC700X и NC700S
Два нови модели кои нудат лесно управување и многу забава, со изглед на нејкед и кросовер. Увозникот за Македонија најавува навистина достапни цени за овие два модела, а повеќе информации околу цените ќе имаме по завршување на саемот.
Скутери
Vision 50, Vision и Wave 110i се скутери кои и покрај тоа што имаат долга историја ќе бидат претставени во ново руво.
Хонда на саемот во Милано претставува 7 нови модели и 6 модели на кои им е направена надоградба (CBR1000RR Fireblade, GL1800 Gold Wing, VFR1200F, CFR450R, CRF250R и CRF150R) со што вкупната бројка на претставени модели достигнува 13 мотори.













