
Италијанската фабрика Августа едноставно не можеше да почека уште неколку денoви до почетокот на саемот EICMA во Милано па официјално ги објави сите детали за новиот суперспорт модел F3 675 за 2012 година.
Освен што изгледа прекрасно, новиот модел ќе биде придвижуван од мотор со три цилиндри и зафатнина од 675цц кој развива 126кс. Сепак од фабриката велат дека она што ќе биде најсилен адут на новата Августа е електрониката. Имено, во новиот модел за прв пат ќе биде вградена "MVICS" електроника која вклучува ride-by-wire и traction control технологии.
Моторот опционално (со доплата) може да биде опремен со електронски брз менувач (Electronically Assisted Shift "EAS" quick-shifter) и anti-wheelie контрола.
Во стандардната верзија предницата е опремена со 43 милиметарски Marzocchi пушки, а за кочење се задолжени Brembo кочници и дискови од 320мм. Моделот ќе биде достапен во Јануари следната година, а ќе се продава по цена од 11.990 € (препорачана цена од фабриката)














