
Сузуки го презентираше литражниот модел за 2012, GSX-R 1000. На прв поглед моделот воопшто не се разликува од својот претходник, но откако убаво ќе се загледате воочливи се минорни козметички промени.Сепак доколку го погледнете од левата страна веднаш ќе забележите дека му "недостасува" еден издув. За новиот модел јапонската фабрика се одлучи да оди на варијанта со еден издув притоа штедејќи 2кг од вкупната тежина на целиот мотор.
Самиот агрегат останува прилично ист со претходниот, но сепак постојат мали промени, па така намалена е потрошувачката на гориво за 8%, а зголемена е и моќта на моторот при среден вртежен момент. Новиот ѕвер од Сузуки доаѓа со поголеми пушки и Брембо кочници кои треба да го запрат моторот.














