
BMW официјално го претстави новото S1000RR за 2012 година. Според првичните информации станува збор за ревизија на постоечкиот модел, не целосно нов но имајќи во предвид дека истото го направија и останатите производители, BMW нема потреба да се грижи за репутацијата на својот пулен.
Според германскиот производител, на новиот модел има мали промени на суспензијата, шасијата, електрониката и козметички измени. Сепак моделот кој ги импресионираше сите од денот на своето појавување ќе продолжи да доминира на европскиот пазар бидејќи производителот најавува цени кои ќе бидат конкурентни на оние од јапонските производители.
Новите модели на Августа и Дукати по се изгледа ќе ги здржат своите (пре)високи цени па групата на купувачи кон кои се стреми BMW се оние возачи кои досега возеа моторцикли од големата јапонска четворка.














