
Иконата на Кавасаки, моќниот ZZR1400 во 2012 доаѓа со целосен редизајн, а она што ќе ги воодушеви љубителите на брзината, ZZR1400 е најбрзиот продукциски мотор во однос на забрзувањето.
Кралот на брзинските моторцикли како што милуваат да го наречат во Кавасаки со право ја носи титулата, освен козметичките промени, новиот мотор на Кавасаки во моментот е мотор со најбрзо забрзување на планетава. Моќниот агрегат со зафатнина од 1400цц развива максимални 207кс. Доколку ви звучат страшно бројките, ZZR доаѓа со вградени два мода за возење, full power и low power, од кои вториот користи 70% од моќноста на целиот агрегат.
За возењето се грижат три модови кои се вклучуваат во зависност од условите на патот, а за да го скротите овој ѕвер ќе ви помогне новата технологија на "зелените" наречена KTRC (Kawasaki TRaction Control). Природното седење кое е добиено благодарение на новата поставеност на седиштето и ногарките ќе ви овозможи долги патувања без никаков проблем, а од суспензијата која е на нај високо ниво ќе имате меко и удобно возење.
И да не должиме повеќе, цената за македнскиот пазар сеуште не е позната, па додека да пристигне новиот ѕвер во нашите салони, уживајте во сликите.













