Хонда најави развој на нов мотор кој ќе има голема моќност при ниски и средни вртежи, а притоа ќе биде брз, штедлив, и со ниска емисија на гасови, вклучувајќи втората генерација на двојно квачило.
Овој нов агрегат е со водено ладење, има зафатнина од 700cc, 4-тактен, поставен во линија, 2-цилиндричен мотор кој се вклопува во средната класа (помеѓу 500 и 750 cc) кои се популарни во Европа. Потрошувачката на гориво надминува 3л/100км но е мала во однос на конкуренцијата.
Првиот мотор за новиот агрегат ке биде Integra, моделот е направен врз основа на новиот концепт “New Mid Concept” прикажан на EICMA (саемот во Милано) во 2010 година. Уште два модели кои ќе го носат овој агрегат ќе бидат промовирани на EICMA саемот во ноември оваа година.
Развојот беше спроведен за да се исполнат следниве барања:
- Мотор кој е едноставен за ракување при големи вртежи во минута, а кој е исто така пријатен и лесен за возење.
- Лесен, компактен дизајн кој овозможува повеќе слобода за телото на моторот и распоред кој ќе ја зголеми циклистиката на моторот.
Нема официјална најава од Хонда за достапноста на новиот макси скутер ниту за неговата цена, но очекуваме дека импортерот за Македонија, Макпетрол, ќе го донесе во салонот на Хонда веднаш откако ќе започне продажбата низ Европа.













