
Кавасаки го претстави новиот модел на ER-6n кој во продавниците ќе пристигне на почетокот од следната година. Со новиот фејс лифтинг моделот конечно заличе на стрит фајтер кој со гордост ќе се вози по градските улици. Помала шасија и нова маска беа сосем доволни за моторот да добие по агресивен изглед. Да не остане се само на изгледот инженерите во Кавасаки ги засукаа ракавите и "мачето" го направија мотор кој ќе биде лесен и забавен за возење, а забрзувањето го доведоа до завидно ниво.
Агрегатот кој е вграден во ЕR-6n е v-twin со зафатнина од 549цц, моќноста сеуште останува тајна, но според зборовите на надлежните во Кавасаки, моторот сега нема никаков проблем при ниски вртежи, а испеглан е и средниот вртежен момент со што моторот значителни добива на забрзување при тргнувањето.
Сепак најголема разлика на новиот модел во однос на претходните е прецизноста при изработката. Кавасаки започнува со нова страница во своето производство и најавува прецизност и квалитет кој ќе го тргне од последното место според цената на моторциклите од големата јапонска четворка.
Сеуште не е позната цената за македонскиот пазар, но овој модел сигурно ќе биде присутен на нашите патишта.













