Aprilia Tuono V4 R 2011
Piaggio групацијата на патеката Валенсија во Шпанија ја презентираше новата Aprilia Tuono V4 R за 2011. Претходните најави дека електрониката ќе го има главниот збор се остварија со вградувањето на APRC системот изведен од Априлија моделот RSV4 со кој Макс Бијаџи се натпреварува на Светскиот Супербајк, а доаѓа како надополнување на неверојатните 167кс.
Покрај тоа што моторот е наследник на прекрасната RSV4, изгледот не му е најсилна страна, но тука се перформансите кои ќе ви служат како оправдување за изборот на овој "убавец". Уживајте во галеријата и промотивното видео, а за цената ќе ве известиме веднаш штом ќе ја соопшти локалниот дистрибутер.













