
Yamaha во 2011 на Европскиот пазар ќе ги пушти во продажба моделите X-Max 125 и 250 со ABS, со цел да ги доближи скутерите до градските возачи. Скутерите ќе бидат опремени со електронскиот систем за кочење на Јамаха кој постојано ги следи предното и задното тркало и гарантира зголемена безбедност за возачот и брзо кочење во тесни ситуации.
Yamaha X-Max 125 ABS (2011)
За дополнително да се зачинат работите, скутерите на Јамаха ќе можат да се најдат во нови колор комбинации, па така моделот од 125цц го има во црвена боја (Lava Red), а 250-та во тегет (Magnetic Blue).
Yamaha X-Max 250 ABS (2011)












