Honda, поглед во иднината
Хонда го претстави првиот скутер во светот кој ја користи start&stop технологијата. Honda PCX125 е опремен со уред кој го запира моторот кога скутерот е стационарен, со што штеди на гориво и ги намалува издувните гасови.
Технологијата има смисла при користење на урбан скутер како што e PCX125, а намалувањето на потрошувачката и издувните гасови повторно и го обезбедуваат на Хонда приматот лидер во мото технологијата.
Скутерот има мотор кој се гасне по 3 секунди неактивност, а добрата страна е што опцијата можете да ја вклучите или исклучите на копче. Според анализата на овој начин ќе заштедите 5% од потрошувачката, веројатно и издувните гасови не се значително намалени но сигурни сме дека ова е првиот од многуте модели кои ќе следат, а кои ќе бидат базирани на истиот концепт.
Сеуште нема информации кога моделот ќе биде достапен на нашиот пазар ниту пак за цената но се очекува следната година да се појави во сите Европски земји.













Коментари