Хонда ги најави новите Crosstourer, Integra и две нови машини NC700X и NC700S со средна големина на саемот во Милано, EICMA 2011. Сеопфатната линија за 2012 започнува од 50cc па се до луксузни туринг мотори со зафатнина од 1800cc.
Гамата на Хонда за 2012 ја сочинуваат следните модели:
Во срцето на NC700X се наоѓа наменски создаден мотор и склоп на преносот. Линискиот двоцилиндарски мотор од 669.6cm3 со течно ладење е лесна и компактна единица со низок центар на гравитација. Нуди употреблива испорака на моќ со силни нивоа на сила на вртење од низок до среден опсег вртежи во минута, во комбинација со мали нивоа штетни издувни гасови и извонредна заштеда на гориво (27km/l WMTC опција). NC700X има опција за уживање во овој нов мотор со Хонда иновативниот пренос со двојно квачило (DCT) од втора генерација, што нуди и рачно менување на брзините и целосно автоматско функционирање – соодветно напредно и разновидно јадро за иновативен нов мотор.
Развиен за да обезбеди респонсивна моќ и силен момент на вртење во компактно патување, новиот линиски двоцилиндарски мотор од 669.6cm3, исто така, ги задоволува денешните барањата за заштита на природната средина, со тоа што нуди голема заштеда на гориво (27km/литар) со капацитет на резервоар од околу 400km.
Со неговата внатрешна комора за складирање, заштитната маска и заповедничката положба на возење, NC700X е подготвен за сe, и за градско возење, и за возење на долги растојанија.
NC700X е достапен или со конвенционален рачен пренос со шест брзини или со Хонда преносот со двојно квачило од втора генерација. Системот користи две електронски контролирани квачила за брзо и рамномерно менување на брзините со избор од три опции. Рачната (МТ) опција им овозможува на возачите да ги менуваат брзините со помош на копчиња, додека автоматската опција (АТ) има две приспособувања: S за спортско возење и D за секојдневна употреба.
Лесен во тежина, едноставен и брз во реакција, NC700X е забавен и едноставен за ракување. Со употреба на истата цврста и компактна челична дијамантска рамка како NC700S, NC700X користи сопствено уникатно пакување кросовер тркала и обесување за да се добие максимално адаптибилна шасија.
Комбинираниот систем против блокирање на тркалата при кочење (C-ABS) е понуден како опција за NC700X.
NC700X има остар стил што ја одразува неговата неограничена употребливост.
NC700S е средно голема машина што нуди парктичност на патничко средство заедно со лесно ракување во карактеристичниот урбан мотор.
Моторот SOHC 669.6 cm3 со два цилинди и течно ладење е дизајниран за да ги задоволи предизвиците на 21 век. Компактен и економичен во потрошувачката, забавен за возење, со силна испорака на вртежи во минута од нискиот опсег благодарение на архитектурата на SOHC и посебно обликуваните комори на согорување. Понатаму, блокот на моторот е дизајниран со високи нивоа на инертна маса. Моторот произведува врвен излез на моќност од 33.9kW при 6,250 rpm (вртежи во минута), но поважен е вртежниот момент низ целиот врвен опсег на вртежи во минута при 58.1 nm при 5,000 rpm (верзија што нема пренос со двојна спојка). Работата е без пречки, така што, и возачите со искуство и новите возачи со моторите од средниот опсег може да уживаат во силното ниво на изведба. Кoнфигурацијата со линиски цилиндри е практична и ефикасна во смисла на дизајн, ослободувајќи простор во рамките на телото на моторот. За уште поголемо намалување на потрошувачката на гориво, моторот е развиен со користење стехиометричка анализа. Економичноста од 23 км / литар е постигната благодарение на развојот на овие технологии. NC700S, исто така, е практичен за дневно користење бидејќи возило со економична потрошувачка е поевтино за возење и бара помалку полнења во текот на неделата на патување.
Развиен да обезбеди моќност и силен вртежен момент во компактен пакет, новиот мотор од 669.6cm2 со два линиски цилиндри ги задоволува потребите на денешните еколошки барања затоа што е ефикасен при потрошувачка на гориво (23km/l) со опсег од околу 400km со еден резервоар.
За да се задржи вистинскиот naked стил, NC700S има минимално стилизирање за да се нагласи неговата урбана страна. NC700S ќе биде достапен во три бои.
Со внатрешниот дел за складирање, флексибилната позиција и енергичност, високоефикасниот мотор, NC700S е подготвен за сe, без разлика дали е градско возење или возење на подолга релација.
Лесен според тежина и лесен за управување, NC700S лесно и со задоволство се управува благодарение на комбинацијата на челичната дијамантска рамка, алуминиумските 17” тркала и геометриската поставност.
NC700S е достапен со конвенционален рачен преснос со шест брзини или со втората генерација на пренос на двојна спојка на Хонда. Системот користи две електронски контролирани спојки за да испорача непречена промена на брзини според избор на три опции. Рачниот (МТ) му овозможува на возачот да менува брзини со користење на копчиња, додека опцијата (АТ) нуди две подесувања: S за спортско возење и D за секојдневно возење.
Хонда е посветена на усовршување на безбедноста на моторот и со гордост може да го понуди комбинираниот антиблокирачки систем за сопирање (C-ABS) на NC700S.
Crosstourer-от комбинира спортски туринг карактеристики, како моќната конфигурација на V4 моторите, како и кај VFR1200F, со карактеристики што се среќаваат кај офроуд моторите, како обесување со зголемен од и исправена позиција на возење за сигурно ракување и фат. Ова вкрстување помеѓу двата типа мотори го прави Crosstourer уникатно и разновидно пакување. Обесувањето со зголемен од што вообичаено се среќава кај офроуд моторите за удобно патување по нерамен терен е од корист за возачите додека патуваат на нерамни површини на патот. Истрајните системи на обесување со зголемен од, исто така, се заслужни за супериорниот квалитет на возењето и прецизната контрола. Исправената позиција на возење овозможува удобност, контрола и беспрекорна видливост за возачот.
V4 моторот од 1,237cm3, монтиран за првпат во Хонда спортски авантуристички туринг мотор, е оптимизиран за подобар погон на вртежи во минута од мал и среден опсег, испорачувајќи урамнотежена моќ, што дава чувство на управување без напор на Crosstourer-от на долги патувања.
Избрана поради одличниот баланс тежина/цврстина, излеаната алуминиумска рамка на Crosstourer-от ги држи предниот и задниот систем на обесување со зголемен од за да се испорача одлично уживање во возењето и удобно возење дури и на нерамни патишта.
Современиот Хонда пренос со двојно квачило од втора генерација овозможува уште порамномерно и побрзо менување на брзините во секоја од трите опции на возење, што го прави Crosstourer-от крајно разновиден мотор. Со употреба на две електронски контролирани квачила, системот овозможува избор на рачно менување брзини и две целосно автоматски опции, едната за општа употреба, а другата за возење со високи перформанси.
Хонда контролниот систем на влечата (TCS) и C-ABS комбинираниот систем против блокирање на тркалата при кочење ја потврдуваат соодветноста на новата машина за сите видови патишта, на секакви временски услови. Овие две карактеристики гарантираат безбедно, подготвено возење дури и во услови на низок фат.
Во срцето на оваа нова машина се наоѓа наменски создаден мотор и склоп на преносот. Линискиот мотор од 670cm3 со два цилиндра и ладење со течност е лесна и компактна единица, позиционирана за да даде низок центар на гравитација. Нуди силен момент на вртење на низок до среден опсег вртежи на моторот, во којшто возачите го поминуваат поголемиот дел од нивното време во возењето, заедно со многу употреблива испорака на енергија, мало ниво издувни гасови и супериорна ефикасност на горивото. Моторот работи со иновативниот Хонда пренос со двојно квачило од втора генерација, што овозможува удобност и едноставност на употреба на автоматски пренос, со опционална контрола со рачен пренос, според избор на возачот. Секоја опција нуди огромна предност во споредба со поконвенционалниот CVT пренос.
Integra го доби своето име поради фактот дека ги интегрира едноставноста на употребата на скутер со динамичната изведба на мотор. Позицијата на возење е со испружени стапала, со заштита од елементите, внатрешен простор за складирање и опција за автоматски пренос, и тоа иновативниот Хонда пренос со двојно квачило од втората генерација. Истовремено, нуди стабилност и управување што не се својствени за скутер. Резултатот е уникатна и привлечна модерна машина, создадена за да овозможи целосно пријатно уживање во возењето, истовремено користејќи ги предностите на еколошките и безбедносните технологии што ги очекуваат клиентите од едно возило на 21от век.
Клучните зборови како „забавен“, „едноставен“, „удобен“ и „безбеден“ беа основа за дизајнот и конструирањето на Integra. Иако новиот мотор и преносот со двојно квачило беа од клучно значење за да се реализира истото, шасијата, исто така, мораше да биде навистина многустрана. Респонсивното управување беше интегрирано за да се овозможи пријатно и удобно уживање во возењето, меѓутоа, на машината, исто така, и беше потребна стабилност и квалитет на возењето потребен за крстосување на сите видови патишта.
Со впечатливиот и добар изглед, со уникатниот мотор со шест хоризонтално поставени цилиндри и со усовршениот комфор и безбедносни технологии, Gold Wing се смета за најсовремен и најфункционален мотор за туристичко патување. Годинава "Кралот на патиштата" е достапен во три нови варијанти на бои што даваат акцент на неговата софистицираност. Брзо стартувачкиот мотор со вбризгување гориво на Gold Wing е надалеку познат по свoјата издржливост, моќност и високи перформанси. Големиот капацитет за сместување багаж и луксузното возење овозможуваат пријатно и удобно патување. Соодветните суспензиони системи се опремени со подеслив преднапрегнат амортизер што се контролира компјутерски, додека моќниот ABS обезбедува безбедно кочење, дури и во тешки околности. И покрај габаритниот изглед, со Gold Wing лесно се манeврира и е подвижен низ градските улици. Ова се постигнува со нискиот гравитационен центар, со што се золемува стабилноста и се добива сигурно и балансирано чувство при возењето.
Уникатниот мотор на Хонда со шест хоризонтално поставени цилиндри со работна зафатнина од 1,832сс произведува голема моќност, со што се postignuva лесно и стабилно ракување со Gold Wing.
ХЕЦС3 системот на каталитичкиот конвертор, што реагира на кислород, ги минимизира емисиите на штетните издувни гасови и со тоа целосно се почитуваат EURO-3 регулативите.
Лесната и цврстата алуминиумска twin-spar рамка на шасијата (со две спојки што ги поврзуваат главата на управувачот и зглобот на замавникот како целина)со едностран Pro-Arm замаец.
Двојните комбинирани антиблокирачки кочници обезбедуваат стабилна, моментална и сигурна контрола на кочењето.
Контролните рачки и седиштата што се загреваат и што се подесливи самостојно, независно едно од друго.
Централно интегрираниот GPS навигациски систем, што е дизајниран за лесна контрола при движење (достапен кај Deluxe верзијата).
Револуционерниот безбедносен систем за воздушни перничиња е првиот ваков систем што е направен специјално за мотори (достапен кај Deluxe верзијата).
Три нови варијанти на бои: Mosquito Brown Metallic (кафена металик), Pearl Glacier White (бисерно бела) и Nebulous Black Metallic (црна металик).
Под општото мото на развој на „природна еволуција на суперспорт моторите”, развојниот тим на 2012 CBR1000RR ги концентрираше своите напори на шасијата, за уште повеќе да се подобри уживањето во возењето. Поподробно, беа воведени нови тркала и нови системи на предно и задно обесување за уште подобро управување, влеча и кочење. Модерното задно обесување со BFR амортизер е првото од овој вид во светот за мотор од сериско производство.
Тимот, исто така, создаде нов, дури уште поагресивен стил, за подобро да се одразат динамиката и суровата брзина на новиот CBR1000RR. Освен тоа, веќе деталната инструмент табла има дополнителна функционалност, со којашто моторот е полесен за употреба и којашто им помага на возачите да го извлечат максимумот од највозбудливата и најсовремената суперспорт машина на Хонда досега: CBR1000RR Fireblade за 20-годишниот јубилеј.
2012 CBR1000RR е создаден врз основа на концептот на „тотална контрола“, што ги дефинираше неговите претходници за време од 20 години од претставувањето на неговиот оригинален првобитен претходник, CBR900RR, на саемот EICMA во 1991г. Оттогаш, последователните еволуирања на машината редеа унапредување врз унапредување, истовремено, задржувајќи ја основната карактеристика на совршен баланс помеѓу енергија и контрола.
Со зборовите на Хирофуми Фукунага, Раководител на проектот за 2012 CBR1000RR: „Ова е модел што им овозможува на сите љубители на суперспорт моторите, вклучувајќи ги и најискусните, да го искусат задоволството да бидат сопственици на CBR1000RR, истовремено чувствувајќи поголема забава во спортското возење и поголемо задоволство во возењето од кога било претходно, без оглед дали на кривулести патишта или на тркачки патеки.
2012 Vision 50 е креиран за да понуди сигурно, забавно движење по примамливо ниска цена. Како машина наменета за секојдневна употреба од огромен распон клиенти, карактеристиките како истрајност, сигурност, безбедност и лесна употреба имаа клучна важност за време на развојот. Со сигурен и ефикасен мотор со вбризгување гориво, стабилна и лесна за возење шасија, напредната безбедност на Хонда комбинираниот систем за кочење и големиот простор за складирање, Vision 50 претставува паметен и сигурен избор на пазарот скутери од 50cc.
Моќниот четиритактен мотор со PGM-FI вбризгување гориво и електрично стартување нуди сигурност, лесна употреба и заштеда на гориво.
Елегантниот, привлечен дизајн на каросеријата овозможува удобно седење за двајца, голема комора за складирање под седиштето и голем 5.5-литарски резервоар за гориво, со кој може да се помине растојание поголемо од 240 километри од едно до друго полнење.
Vision 50 со тркала од 14" нуди голема исплатливост и подвижност, додека за мал надомест верзијата со предно тркало од 16" овозможува посигурно ракување на нерамни патишта, особено на калдрмите во многу европски градови.
Vision 50 има Хонда комбиниран систем на кочење (CBS), што ги поврзува предната и задната кочница за да се овозможи брзо, стабилно кочење, без оглед на искуството на возачот или на условите на патот.