Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Новости Домашни Пеколните ангели и во Македонија

Пеколните ангели и во Македонија

  • PDF

Сомнежите на ЕВРОПОЛ се точни, Пеколните ангели се во Македонија. Мотоклубовите потврдуваат, но не сакат да говоратат на оваа тема. Кумановски локален клуб, преку ноќ станал дел од нивната мрежа.

Ова бил начинот на кој ангелите ги градат своите групи, коментираат моторџиски извори. Не го носат името на светската моторџиска банда, но функционираат како нивен огранок.

Првиот мото клуб во Македонија, е единствениот кој јавно проговори. Правилата во мото светот не им дозволуваат да зборуваат за конкуренцијата.

- Факт е дека има отворено доста клубови со интернационален предзнак, но веројатно нивното функционирање треба да биде дел од проверките на некои други институции, велат од мото клубот Ноќни волци.

Балканот имал среќа што првиот клуб овде е интернационалниот Ноќни волци. Нивното влијание, го отежнува ширењето на криминалните банди. Правилата за членство во овој клуб, не овозможуваат лице со криминално досие да го носи заштитниот знак.

ЕВРОПОЛ, но  и самите Ангели го потврдуваат своето присуство во Турција, Хрватска и Грција. На ист начин како во Македонија, формирале локални групи и во Албанија, Бугарија и Србија. Од безбедносните служби, најмногу зависи, дали препознатливите инциденти, дел од филмските сцени ќе станат секојдневие низ Македонските улици. 

Иван Кузмановски

Извор: Сител

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06