
Во петокот во Custom Pub, во опуштена атмосфера со присуство на голем број на мото клубови и поединци беа прославени 4 години постоење на македонскиот мото портал Мотори.ком.мк
Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на сите кои не испочитуваа но и на оние кои од оправдани причини не можеа да дојдат на роденденот. Вашата поддршка овие четири години не води напред и ни дава мотив да продолжиме да работиме. Момци и девојки, ви благодариме за се. Нека ни е среќен роденденот и заедно да си славиме уште многу години.
За слики од роденденот кликнете овде.














