
Акцијата Моторџиите за Јохан која требаше да се вози кон крајот на месецов е одложена на неодредено заради проблеми со потребните документи. Според информациите од министерството за надворешни работи, за групна посета на Јохан во затворот во Диез потребна е документација за чие комплетирање е потребен подолг временски период.
Акцијата е само одложена додека се изготви потребната документација, не е откажана, а за сите новости околу датумите на возењето ќе бидете навремено известени.













