На 13 септември пред 4 години на македонскиот интернет простор се појави првиот веб сајт посветен на моторите. Бидејќи сите сме прилично тенки со "време" по завршувањето на мото релито Македонија, прославата на роденденот ќе се одржи на 16-ти септември во Custom Pub во Скопје со почеток во 21.00.
Ќе ни претставува огромна чест и задоволство доколку дојдете заедно да ги одбележиме овие четири години постоење на единствениот медиум кој ги третира исклучиво мото случувањата во земјава и светот.
Поканата е отворена за сите клубови, поединци, моторџии, скутерџии, возачи, совозачи, љубители на моторите... ние ќе обезбедиме по некое пиво и парче торта, а ваше е да дојдете и да бидете бучни ;)














