Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Новости Домашни Во сабота мото собир во Миравци

Во сабота мото собир во Миравци

  • PDF

retki-ptici

Мото клубот Ретки Птици од Гевгелија на 20. Август (сабота) организира мото журка во "Бел Рај" во Миравци. Местото Бел Рај е лоцирано во близината на Миравци, поставено помеѓу карпи и река која тече низ него, претставува идеално место за мото журка. Организаторот се фокусираше на дружбата помеѓу присутните па затоа наместо стандардното возење, на овој собир акцентот е ставен на самите присутни. Не очекуваат 4 бендови, евтини пијачки (сите ќе бидат по 50 денари), евтина скара и вир со вода во кој ќе може да се разладуваат присутните.

На самата локација има простор за поставување на шатори, местото каде што ќе бидат паркирани моторите ќе биде под обезбедување, а бидејќи не се наплаќаат карти за влез на врата ќе треба да се исполни услов кој ќе ви го соопшти организаторот на самото место :)

Забавата започнува на пладне, пожелно е во 12.00 да бидете таму со цел навремено да обезбедите место за вашиот љубимец на две тркала и место за спиење, и како што велат дечките од Ретки Птици: "На 20 Август, сите правци водат кон Миравци"

Патот до местото на настанот ќе биде одбележан, за полесно снаоѓање, кога ќе се движите од Скопје кон Гевгелија, пред Миравци се наоѓаат две бензиски пумпи, одвојувањето кон Бел Рај е на дваесетина метри пред пумпите.

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06