Наградната игра на мотори.ком.мк и Мотул која траеше од 5-10 јули заврши и победник е Riki MotoStruga со 50 лајкови (ми се допаѓа).
Победникот добива 4 литри масло за мотор “5100”(15w50, 4Т).
За учество во наградната игра беше потребно да се објави слика од празно кантиче Мотул (било кој тип), и сопственикот на сликата со најмногу лајкови (ми се допаѓа) ја добива наградата.
Му честитаме на победникот, а на останатите им посакуваме повеќе среќа во игрите кои следуваат.














