За сликата со најмногу гласови Motowell FF3 Piranha
Продолжуваме со нова наградна игра за посетителите на мотори.ком.мк, овојпат благодарение на нашиот спонзор Максима доделуваме кацига MotoWell FF3 Piranha!
Слично како минатиот пат, се што треба да направите е да објавите слика од вашата стара/изгребана кацига на ѕидот од нашата фејсбук страна. Идејата е кацигата да ја доделиме на оној кому најмногу му треба, па затоа сликите задолжително треба да бидат од ваша кацига, колку што е можно по стара или изгребана. Не бирама најдобра кацига, туку најстара :) Сопственикот на сликата која ќе собере најмногу палчиња добива гланц нова MotoWell FF3 Piranhа.
Правила на играта: наградната игра трае 4 дена (09.06 - 12.06), а добитникот ќе биде објавен на почетната страна во понеделник (13.06). Право на учество имаат сите членови на сајтот/фанови на фејсбук страната.
Напомена: Наградната игра важи само за слики од ваша кацига, не за слики превземени од интернет, таквите слики ќе бидат бришени од ѕидот без опомена.













