
Мото клубот Cross Bearers од Велес на 7-ми мај е организатор на втората "Moto Beach Party" на Езерото Младост во Велес.
Според програмата, пречекот на гостите пред хотелот Романтик е закажан за во 16.00 часот, а два часа подоцна ќе се одржи и дефилето низ градот. Годинава мотото на забавата е "Носи кацига, биди безбеден", а организаторот напоменува дека за сите учесници на дефилето носењето на кацига е задолжително.
По враќањето на местото на настанот од 20.00 часот официјално започнува забавата, а во 23.00 свој настап ќе има Венко Серафимовски.
За галеријата од минатогодишната забава кликнете овде.















