Во прекрасна атмосфера, со многу гости, вчера беше отворен новиот моторџиски паб "Road House".
Во кругот на Максима на излезот од Скопје е отворен новиот паб кој предвидува дневна но и ноќна шема за сите оние кои сакаат да се тргнат од градскиот метеж, а сепак да бидат блиску до дома. Во дворот на пабот вчера вриеше од мотори, на домаќините чест им укажаа повеќе мото клубова, а бројни беа и гостите кои со автомобили дојдоа на отворањето.
Ведрите и насмеани лица, евтините цени и одличната музика го направија отворањето незаборавно, а последните гости во 3 часот изутрина го напушаа пабот со одлични впечатоци. Се надеваме дека местото ќе стане вистинско сврталиште за сите љубители на моторциклите, а за галерија од вчерашното отворање кликнете овде.
Момци со среќа!













