Фотографија од Рели Македонија 2008
Со оглед на тоа што годинешното Рели Македонија од страна на МФМ беше најавено пред неколку денови, а сеуште нема детални информации во врска со истото, нашиот клуб на ден 03, 04 и 05 септември ќе го вози традиционалното рели Македонија по веќе познатата маршута.
Стартот на релито е предвиден во 10 часот од плоштадот Македонија Скопје, се со цел за добро дружење, возење и да не згасне традиционалното мото рели Македонија.
Кој сака може да ни се приклучи со забелешка дека нашиот клуб не превзема никакви обврски во врска со организацијата.
Сите подетални информации за учество на телефоните:
Тошо-070-85-86-87
Мирче-070-706-102
Поздрав СМТК Владимир Бошков
За сите прашања и коментари следете ја темата за релито на форумот.












