
На вчерашниот состанок во Рим, претседателот на "World Superbikes" шампионатот Paolo Flammini и Alexander Yakhnich, претседател на "YMS Promotion", потпишаа договор со кој од следната година ќе следиме трка од Светскиот Супербајк во Москва.

Првата трка во Русија ќе се вози на 26-ти август 2012, а патеката која е избрана за домаќин е Moscow Raceway, патека која се наоѓа на 77км од Москва е дизајнирана од легендарниот Hermann Tilke.
Прелиминарните преговори помеѓу двете страни започнаа пред четири месеци, уште тогаш Русите најавија дека ќе се изборат за трка веднаш откако ќе потпишат договор со одговорните лица и го остварија тоа. Договорот е склучен на 10 години, па Москва има загарантирана забава во следната деценија.












![[видео] Супербајк шампионат, трки 1 и 2 на Донингтон Парк [видео] Супербајк шампионат, трки 1 и 2 на Донингтон Парк](/images/stories/tekstovi/wsbk-donington.jpg)

