Соработката која ја започна Infront Motor Sports со Pirelli во 2004 е продолжена до 2015 година, до тогаш Pirelli останува единствен снабдувач со гуми за World Superbike шампионатот. Освен нај јаката класа, Пирели ќе продолжи да ги снабдува гумите и за World Supersport и Superstock 1000 FIM Cup, како и за UEM Superstock 600 Европскиот шампионат до крајот на 2015 година.
"Воодушевени сме од тоа што можеме да го продолжиме договорот со Pirelli до 2015, изминатите 8 години ги надминаа нашите очекувања па прекрасно е тоа што можеме повторно да се потпреме на снабдувач со гуми кој е целосно посветен на работата" - изјави Паоло Фламини, извршниот директор на Infront Motor Sports.
Со пофални зборови се огласи и Уберто Тун, директор на одделот за гуми за мотори во Пирели: "Среќни сме што Pirelli е повторно одбран за единствен снабдувач со гуми за World Superbike, шампионатот кој е најблиску до вистинските мото фанови. Најголем удел во нашиот повторен избор од страна на Infront имаше новата Diablo гума, односно издржливоста и перформансите на истата. Новиот договор само ја потврдува нашата посветеност на WSBK."













