
Џејмс Тозленд ја санираше повредата со која се здоби при падот на патеката Motorland Aragon во Март за време на тестирањата, и се очекува да го продолжи натпреварувањето во WSBK на следната трка која викендов се вози на Монца во Италија.
На Арагон Тозленд доживеа хајсајд со моторот, а при падот го скрши зглобот, повреда која го оддалечи од патеките на изминатите две трки. Тестирањето се одржа на 18-ти Март помеѓу првата и втората рунда во Светскиот Супербајк. По падот докторите ја санираа повредата и му дозволија да се трка на домашната рунда во Донингтон Парк, но еден англиски доктор ги ревидираше резултатите и по дополнителните прегледи заклучи дека повредата е лошо санирани по што му беше извршена итна операција која го оддалечи шест недели од патеките.
Тозленд веќе е на Монца, а на својот фејсбук профил објави дека откако на 27-ми април му биле извадени конците сега е среќен дека ќе може да настапи на трката.













