Новата Кавасаки Нинџа
На патеката Nürburgring, Kawasaki официјално го претстави моторциклот со кој во следната сезона ќе се натпреварува во WSBK шампионатот. Популарната Нинџа беше со нетрпение очекувана од сите засегнати со Супербајк шампионатот, а тимот се одлучи за претставување на новиот модел на германската патека на која следниот викенд ќе се одржи трка од WSBK.
Со повлекувањето на фабричкиот тим на Кавасаки од МотоГП, и насочување на силите кон WSBK, тимот во 2009 ја доби поддршката од јапонската фабрика но за 2011 се најавува уште поголемо вложување и финансиска помош која ќе придонесе за подобри резултати на Кавасаки.
Новата Ninja ZX-10R го враќа Кавасаки на мото сцената во големата јапонска четворка имајќи во предвид дека WSBK моделот е изведен од сериски мотор кој во 2011 ќе се појави во продажба, па конкуренцијата ќе треба да ги загрее рацете за да го врати Кавасаки во "отпишаните".
Денешното претставување беше можност за јавноста одблиску да го види моделот, а следната ваква прилика ќе биде саемот за мотори во Cologne, на 6-ти октомври годинава.












