
Официјалниот веб сајт на Ники Хејден доби освежувачки редизајн и нови функционалности. Досегашниот веб сајт кој воопшто не му доликуваше на тркач од рангот на Ники Хејден е веќе во историјата и од денеска на http://www.nickyhayden.com/ посетителите можат да ги погледнат новите содржини.
Веб сајтот е одлично изработен, а на него можете да прочитате и дознаете се за „Детето од Кентаки“. На почетната страна се последните вести за Ники, фотографии и твитови. Преку главното мени можете по детално да се запознаете со историјата на Ники Хејден, неговите резултати како и можност да му поставите прашање на Хејден!






























