
Легендата на МотоГП, деветкратниот шампион Валентино Роси денеска полни 33 години. Италијанецот е дефинитивно хит на денот на сите социјални мрежи, посебно на Твитер на чиј профил има 574.000 следбеници кои постојано му го честитаат роденденот. Дека Роси е сосем обичен човек и воопшто не пати од комплексот наречен „ѕвезда“ говори фактот дека тој во текот на целиот ден одговара на честитките и повеќепати ги спомена оние кои досега му честитале.
На „Докторот“ му го честитаме роденденот и му посакуваме оваа сезона во МотоГП повторно да заблеска како во најдобрите денови од кариерата, со цел да следиме интересен и возбудлив шампионат.






























