Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт MotoGP Прво возење со Honda RC213V за Алваро Баутиста на Сепанг

Прво возење со Honda RC213V за Алваро Баутиста на Сепанг

  • PDF

_GIS0768rid_1_600x

Со денешниот прв ден од пред сезонските тестови и официјално започна новата МотоГП сезона. Измешани емоции во тимот на Сан Карло Хонда Гресини, тим кој пред само неколку месеци го загуби Марко Симончели, а сега се исправени пред нови предизвици, со нови луѓе. Алваро Баутиста е човекот кој во „преодниот рок“ дојде во тимот кој официјално е поддржан од фабриката на Хонда, и за кој многу се зборуваше.

Баутиста имаше одлични трки минатата сезона во тимот на Сузуки, тим кој според многумина беше пречката за тој да постигне по забележителни резултати. Сега тој зад себе има голем тим, луѓе и мото со кој ќе може да го прикаже својот потенцијал. На денешниот прв ден од тестирањето тој извозе 45 кругови и на крајот од денот забележа 9-то најдобро време од 17 возачи.

_GIS1122rid_1_600x

„Ова беше мое прво возење на RC213V и морам да кажам дека чувството е одлично да се вози мотор со зафатнина од 1000цц. Се разбира дека по три месечна пауза не е лесно да се вратиш во истата форма во која си бил на крајот од сезоната, па ќе ми треба извесен период да се навикнам и да се вратам во форма. Работевме на тоа да го адаптираме моторот во однос на мојот стил на возење, без притоа да внимаваме или пак да се трудиме да оствариме добар резултат. Јас сум задоволен од она што го постигнавме, атмосферата во тимот е одлична и сите вложуваат се што можат да оствариме напредок во однос на моторот. Ова тестирање и преостанатите два дена ќе го искористиме за да го наместиме сетапот на моторот и електрониката, но јас сум убеден дека ќе имаме одлични резултати, бидејќи имаме просечно време, а воопшто не се трудиме да постигнеме резултат.“ - изјави Баутиста по завршувањето на тестот.

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06