
Лорис Капироси на вчерашната церемонија во Валенсија ја доби својата Хонда со која во класата 125цц ја освои титулата во 1990 година. Моторот му беше предаден од претседателот на HRC, г-дин Накамото, а меѓу возачите кои присуствуваа на церемонијата можеше да се забележи и неговиот поранешен клубски колега Кејси Стонер.
Капироси ќе ја заврши својата извонредна кариера по денешната трка во Валенсија. Досега тој помина неверојатни 22 сезони во МотоГП, а ќе биде запомнат по титулите во класите 125цц во 1990 и 1991, потоа премина во класата до 250цц каде ја освои титулата во 1998, а во кралската класа има забележано девет победи.
На денешната трка тој на својот мотор ќе го носи бројот 58 наместо неговиот 65 во чест на Марко Симончели.































