Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт MotoGP Елена Маерс со импресивно деби во МотоГП

Елена Маерс со импресивно деби во МотоГП

  • PDF

mgpelenamyers1Елена Маерс и Алваро Баутиста до Suzuki GSV-R

За Елена Маерс прв пат пишувавме на почетокот од минатата година, тогаш 16 годишната Маерс беше опишана како "девојка која има мадиња". Во меѓувреме Маерс се избори за првата победа во кариерата со која се запиша во историјата како прва девојка која победила на трка во "AMA Pro", Американскиот мото шампионат. Годинава таа забележа еден подиум и пет топ-пет пласмани со што си го обезбеди петтото место во генералниот пласман и покрај тоа што не настапи на две трки заради повреда.

На првата МотоГП трка во САД годинава која се возеше на патеката Лагуна Сека, Маерс во разговор со шефот на Ризла Сузуки тимот, Пол Денинг, доби ветување дека ќе има можност да се качи на GSV-R, машината со која Алваро Баутиста се натпреварува во годинешниот шампионат. Денинг го одржа својот збор и на денешниот прв ден од МотоГП викендот во Индијанаполис, Маерс доби можност да го проба Сузукито на Баутиста.

Таа доби можност да сврти пет круга на популарната патека "Инди", а она што ги импресионираше присутните не беше само брзината која ја забележа Маерс (306км/ч) туку стилот на возење и константноста на круговите. Младата американска ѕвезда доби пофални зборови од сите во тимот на Ризла Сузуки, вклучувајќи го и Алваро Баутиста.

По враќањето во боксот таа изјави: "Уау! Навистина не можам да кажам ништо друго, ова беше неверојатно искуство! Нема зборови со кои можам да им се заблагодарам на момците од Сузуки МотоГП тимот, тие беа навистина прекрасни. Ова ми го зголеми апетитот, сега навистина се надевам дека ќе имам можност да го повторам ова, следниот пат на вистинска трка. За самиот мотор не можам да кажам многу, од она што го замислував ова е 20 пати подобро, едноставно ќе ми требаат неколку денови за да сватам што се случуваше денеска. GSV-R едноставно ме воодушеви!"

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06